— почетна страница Пријави се

Full Everesting обид Вршник, Велес

Everesting Велес

8.848 метри качување колку што е висок Еверест

Висината на Еверест, качена на еден рид над Велес. Во еден обид, без спиење.

Обидот може и да не успее. Затоа е обид.

Круга
54
Еден круг
2,70 км
166,0 м D+
Вкупно
146 км
Проекција
32–37 ч

10–11 октомври 2026 Старт 04:00

Резервен термин ако времето не дозволи: 24–25 октомври 2026. Одлука 48 часа однапред.

Power-hike на качување, контролирано трчање на спуст. Една ноќ на патека, 12,5 часа мрак.

Рутата

Еден круг, повторен 54 пати. Иста патека нагоре и надолу — истиот профил секој пат, како што бараат правилата.

54 пати горе. 54 пати долу. Истиот рид.

Должина на круг
2,70 км
D+ по круг
166,0 м
Врв
444 мнв
Нето разлика
116 м
Ефикасност
61 м D+/км
Вкупна должина
146 км
Профил на еден круг Вршник
Висински профил на еден круг Врв 444 м Старт 328 м
Качување 1,35 км · до 23,6 %
Спуст 1,35 км · до −23,6 %

Кругот почнува на 328 м, се качува 1,35 км до врвот на 444 м со наклон до 23,6 %, и се враќа по истата патека низ 1,35 км спуст со наклон до −23,6 %.

Круга за целиот обид 54
Quarter · 14 Half · 27
  • Целосна мобилна покриеност по целиот круг.
  • Спустот е технички: −23,6 % на 100 м прозорец. Осветлување е задолжително.
  • Едно качување е ~20 минути — достапно и за деца и за прв обид.

Приклучи се

Покрај главниот обид оди отворен слој. Истиот рид, истиот круг, истиот ден — само ти кажуваш колку.

Не е трка. Нема стартнина, нема ранг листа.

Избери формат

Ќе добиеш потврда на мејл. Пред настанот стигнува упатство со точна локација, паркинг и што да понесеш.

Ноќни смени

Од 22:00 до 05:00 ридот е празен и темен. Тоа се 7 часа кога најмногу се откажува — и кога најмногу вреди да има некој покрај себе на патеката.

Не ти треба форма. Треба да се појавиш.

Побрзо преку телефон? 076 206 638

Часовите 14–27 се критични. Тогаш најмногу вреди да не си сам.

Старт 04:00 06:45 18:15
  • Дневна светлина
  • Мрак
  • Се бара придружба

Слободни смени по 2 часа

  • 22:00–00:00 2 ч
  • 00:00–02:00 2 ч
  • 02:00–04:00 2 ч
  • 04:00–05:00 1 ч

Мракот паѓа во 18:15, се разденува во 06:45 — 12,5 часа темнина вкупно. Смените го покриваат најтешкиот дел од неа.

Што значи една смена

  • Оди еден или повеќе круга заедно. Не мора да трчаш — темпото е пешачко.
  • Понеси своја чеона ламба и резервни батерии.
  • Ако не сакаш да качуваш: и една смена на базата вреди исто.

Пријави се за смена

Како помагаш

Смените се потврдуваат поединечно, не се отворен повик. Ќе те побараме на телефон неделата пред настанот.

Поддржувачи

Ова не е спонзорски пакет со логоа. Ова е поддршка на обид што може и да не успее — и затоа се комуницира отворено, од почеток.

Поддршка на обид, не спонзорски пакет.

Сè уште нема ниту еден. Тука ќе стојат имињата на оние што ќе го овозможат — по име, не по големина на логото.

Нивоа на поддршка

  • Поддржувач

    Помал придонес — пари или производи

    Име на сајтот, спомнување во објавите

  • Партнер на обидот

    Поголем придонес — пари, производи или услуги

    Логотип на сајт и банер, присуство на база, содржина од настанот

  • Темел на обидот 2026

    Најголем придонес или клучна логистика

    Сето горе, плус врзување со брендот низ 2027

Пиши ни за поддршка

Најпотребно е во производи: храна и хидратација за 33+ часа, осветлување, шатор и превоз.